Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека навивачите на Динамо Загреб „Бед Блу Бојс“ (БББ) во грчките затвори имаат „егзистенцијални проблеми“, вклучително и недостатокот на вода за пиење.
Повеќе од еден месец 105 членови на навивачката група БББ се во грчките затвори, откако еден навивач на атинскиот фудбалски клуб загина во судирите со навивачите на АЕК.
„Тоа стана тринаесетта тема. Луѓето имаат проблеми. Тоа се наши граѓани. Имаме чувство на взаемна одговорност. Кога ќе се вратат дома, ќе разговараме поинаку. Она што го слушнав го прифаќам како вистина. Мислам и знам дека хрватската влада може многу повеќе. Во грчките затвори, сите велат, нема вода за пиење. Европа, 21 век. Водата од чешмата не е за пиење“, изјави Милановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА