Фетел: Не го исклучувам враќањето во Ф1

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел во интервју за „Скај спорт“ не исклучи враќање во Формула 1, која ја напушти на крајот на 2022 година.

Фетел четири пати беше светски шампион во Ф1 (2010, 2011, 2012, 2013), а во кариерата оствари 53 Гран При победи.

Тој го напушти најбрзиот циркус во свето на крајот на 2022 година по двегодишен ангажман со Астон Мартин.

„Не можам да го исклучам моето враќање во Ф1. Ќе зависи од предизвикот, што и да е, но тоа не ми е на ум во моментов. Во добра форма сум, но затоа што сакам да бидам. Претпоставувам дека мојата сила не е на ниво, но сè друго е прилично добро, би рекол“, изјави Фетел. 

Фетел ги освои сите четири титули во болидот на Ред Бул, а во текот на кариерата возеше и за БМВ Заубер, Торо Росо, Ферари и Астон Мартин.

Се вчитува...