Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на ИТФ фјучрс турнирот во португалската Синтра.
Македонецот на фјучрсот вреден 25.000 американски долари во второто коло загуби од домашниот тенисер Дуарте Вале со 7-6 и 6-4.
Во првиот сет двацјата тенисери имаа жестока битка во која за нијанса подобар во тај-брејкот беше домашниот тенисер, додека во вториот сет беше доволен еден брејк за негово освојување и конечен триумф од 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

