Лина по тешка борба до четвртфинале на турнирот во Скопје

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот кој се игра во Скопје.

Ѓорческа во осминафиналето на фјучрсот вреден 40.000 американски долари по тешка борба со 2-1, по сетови 6-7, 6-2 и 6-2 славеше над Јапонката Рина Саиго.

Во четвртфиналето на терените на тенискиот клуб „Југ“ Ѓорческа ќе игра против Сада Нахимана од Бурунди која во моментов се наоѓа на 292. позиција на ВТА листата.

Се вчитува...