Светската фудбалска федерација ФИФА ја објави листата од 12 фудбалери кои годинава ќе бидат во борба за наградата за најдобар фудбалер за 2023 година „Д бест“.
Листата ја предводи Норвежанецот, Ерлинг Халанд кој со својот Манчестер сити успеа да освои тројна круна. Тука е и Лионел Меси кој сепак во годинашното гласање нема да му се смета освојувањето на Светското првенство во Катар бидејќи тие гласови влегоа во изборот во 2022 година.
Во топ 12 уште се наоѓаат и: Килијан Мбапе, Бернардо Силва, Марцело Брозовиќ, Хулиан Алварез, Кевин де Брујне, Квича Квараскелија, Илкај Гундоган, Родри, Виктор Осимен и Деклан Рајс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА