ТФТ триумфираше на тестот против Чаир 2030

Кошаркарите на ТФТ триумфираа со 81-76 на пријателскиот натпревар против Чаир 2030 кој се одигра во СРЦ Кале во Скопје.

На две недели пред почетокот на новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига, финални подготовки на двата тима реализирани и преку тест-средбата која им припадната на кошаркарите на ТФТ.

Главно се играше израмнет натпревар, гостите ја добија првата четвртина со 17-21, но веднаш потоа вратија ТФТ на најдобар можен начин успевајќи до крај да дојдат до посакуваната победа.

По 17 поени кај ТФТ постигнаа Ташовски и Морган, а Марковски заврши со 12 поени. Кај Чаир се издвои Мофит со 22 поени, а по 11 поени запишаа Мустафица и Крстајиќ.

Се вчитува...