Кошаркарите на МЗТ Скопје ја запишаа првата победа за време на подготвителниот период славејќи против Гостивар во третиот свој пријателски натпревар.
По претходните два порази, сега „металците“ славеа со 87-68 против Гостивар во меч во кој во текот на целиот дуел ја одржуваа контролата на играта, со постојана предност.
Бакович беше најефикасен со 13 поени, а Танасковиќ запиша 12 поени.
Следниот контролен меч МЗТ Скопје го игра во понеделник (18. септември), повторно на домашен терен против бугарскиот тим Рилски спортист, од 18 часот.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ГОСТИВАР 87-68 (20-19, 20-14, 22-13, 19-22)
МЗТ СКОПЈЕ: Крстевски 10, Ворку 7, Андоноски 11, Бакович 13, Робев 10, Миловановиќ 10, Танасковиќ 12, Стојковски, Д. Стојановски 6, В. Стојановски 8, Величковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА