Репрезентацијата на Полска, сосема очекувано, е првиот финалст на Европското одбојкарско првенство.
Во првата полуфинална пресметка Полјаците со 3-1 во сетови, 23-25, 25-21, 25-20 и 25-21 трумфираа против Словенија.
Словенците единствено успеаја да парираат во првиот сет кој го добија со 23-25, но се понатака беше во знакот на Полска која тотално доминираше на мечот и без никакви проблеми дојдоа до триумфот.
Леон со 24 поени и Качмарек со 14 поени беа најдобрите во редовите на Полска.
Во втората полуфинална пресметка вечерва од 21 часот играат домаќинот Италија и селекцијата на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА