Иванова и Кондев трети на силната меѓународна трка во планински велосипедизам на Тара (ФОТО)

Тимот на Велосипедскиот клуб Енерџи, Дуња Иванова и Љубиша Кондев, го освои третото место на Етапната трка во планински велосипедизам „WILD BEAR 2023“ која се одржа на планината Тара во Србија.

Во три последователни денови и три различни рути, Иванова и Кондев успешно совладаа 145 километри со 4000 метри висинско искачување низ предели со сериозни технички предизвици, стрмни и долги искачувања и брзи спустови.

Завршија со вкупно време од 9 часа и 8 минути, со што го заслужија третото време во категоријата мешани двојки.

Пред нив на второто место се пласираа Кристина Лукачевиќ и Давор Ружиќ (Хрватска), а победници беа Маруша Наглиќ и Марко Чирјаковиќ (Словенија/ Србија).

Се вчитува...