Хрватска и Турција на 12. октомври во Осијек треба да го играат натпреварот од квалификациите за ЕП 2024, а сосема е јасно дека Хрватите на таа средба ќе бидат домаќини пред празни трибини. Го потврди тоа претседателот на ХНС, Маријан Кустиќ.
Причина за тоа е појавеното усташко знаме на трибината со хрватски навивачи на мечот против Летонија, а три дена подоцна и тепачката во која се најдоа хрватските навивачи со ерменските намечот во Ереван.
„Се уште немаме ништо официјално, но шансите да има публика се 10%“ – рече Кустиќ.
Околу сето ова се огласи и хрватскиот селектор Златко Далиќ…
„Тоа би било голема неправда кон хрватската репрезентација, кон хрватските навивачи и народ. Тоа, според мене, се беше наместено затоа што како поинаку да се објасни да се појави едно знаме меѓу стотици други и баш тоа да се слика и пријави. Тоа е само барање начин да не запрат по секоја цена. Ова е еден од начините да не казнат, и да не играаме пред нашите навивачи“ – вели Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА