Со свеченото отворање денеска стартуваше првиот меѓунарoден фудбалски турнир „Илинден Куп 2023“ кој за првпат од ваков ранг се организира во Македонија.
На турнирот, кој ќе се одржува до недела во организација на фудбалската школа „Грозданоски“, ќе учествуваат 115 екипи од Србија, Белгија, Романија и секако Македонија, за деца на возраст од 8 до 12 години.
„Ова прв турнир од ваков тип, кој искрено се надеваме дека во иднина ќе прерасне во традиционален со дополнителен свој развој низ секоја година одржување“ – велат организаторите на турнирот, од фудбалската школа „Грозданоски“, сопственост на едно од најистакнатите македонски фудбалски имиња Влатко Грозданоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

