Рубиалес доби забрана да и се доближи на фудбалерката која ја бакна

Шпанскиот фудбал беше потресен од фотографиите по славјето на женската репрезентација која го освои Мундијалот оваа година. Се се одвиваше во текот на церемонијата на доделувањето на медалите, кога сега веќе екс претседателот на шпанската фудбалска федеарација ја бакна членката на репреентацијата Џени Хермосо.

Хермосо поднесе официјална пријава до обвинителството до Рубиалес, кој неодамна поднесе оставка од сите функции во шпанскиот фудбал. Рубиалес кажа дека не можел повеќе да го издржи притисокот, и затоа поднесе оставка, иако претходно најавуваше дека нема да замине.

Сега е во тек судење. Рубиалес најпрво ги одби сите обвинувања за сексуално злостовување и принуда, кои биле поднесени од страна на Хермосо. Обвинителството од судијата побара Рубиалес да не смее да се доближи до Хермосо на 500 метри. Во случајот да биде осуден, Рубиалес му се заканува казна и до 4 години затвор.

„Двајцата бевме емотивни. Си честитавме, а јас ја прашав дали може да ја бакнам набрзина. Ја бакнав и 1-2 ме тапкаше по рамото и тоа е тоа. Без никакви сексуални конотации или било што, само момент на среќа и израз на голема радост“, рече Рубиалес.

Се вчитува...