Тен Хаг: Што да коментирам за Санчо? Се е кажано…

Во пресрет на продолжување на Премиерлигата, менаџерот на Манчестер Јунајтед одржа прес-конференција. Во сабота тимот на Јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе го пречека Брајтон. Целото внимание е насочено кон случувањата со Ентони и Џејдон Санчо.

Првиот е суспендиран поради обвиненија за семејно насилство, а вториот е суспендиран поради недисциплина.

„Ми се чини дека се е кажано за Санчо. Не знам што би кажал. Понекогаш во текот на сезоната се соочувате со тешкотии, и не може да сметате на одредени играчи поради повреди или други причини. Во секој случај сите играчи кои се на располагање и мотивирани за добри настапи. Зборував со Антони и разочаран е. Не знам колку долго ќе биде надвор од теренот“, рече Тен Хаг.

Се вчитува...