Менаџерот на Тотенхем, Енџи Постекоглу ја освои наградата за менаџер на месецот. Неговиот играч Џејмс Мадисон, пак, ја понесе наградата играч на месецот во Премиерлигата.
Оваа награда доаѓа по дебитантскиот настап на менаџерот на клупата на Тотенхем, но наградата е плод на добрите резултати. Тотенхем одлично ја стартуваше сезоната, иако остана без својот најдобар играч Хари Кејн кој замина во Баерн Минхен.
Сепак, наградата за менаџер на месецот, ако се оди според минатото, и не е толку добра вест за Австралиецот. Претходно оваа награда ја освојуваа Жозе Мурињо и Нуно Еспирито Санто, исто така како во првиот месец како менаџери на овој тим, а потоа добија откази од клупата на Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

