Кристијано Роналдо го тужи Јувентус поради неисплатени плати во вредност од 19.9 милиони евра кои не ги доби во текот на пандемијата на коронавирус. Неговите адвокати денеска ја испратиле тужбата до судот во Торино.
Португалецот со тоа сака да ги добие финансиите кои му следуваа со договорот, а од кои се откажа во одреден период до крајот на пандемијата излегувајќи му на најтрофејниот италијански клуб во пресрет во финансиската криза.
Јувентус двапати ги намалуваше платите за време на пандемијата. Прво во 2020 година им ги скрати платите на сите играчи подеднакво за да заштеди бидејќи немаше приходи од билети и натпревари, а потоа во 2021 година управата разговараше со секој фудбалер поединечно за намалување на платата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

