Доузер: За малку не побегнав во соблекувалната кога навивачите запалија факели

Најзвучното засилување во редовите на Партизан ова лето, Пи-Џеј Доузер имаше спектакулрано прво искуство во Белград. Тој беше дел од спектаклот на „Ташмајдан“ каде на отворено „црно-белите“ ја пречекаа Флуенбрада.

Своето искуство Американецот го сподели на подкастот „DNVR Nagets“ каде откри дека замалку не побегнал во соблекувалната кога навивачите го опкружија теренот со факели.

„Сите ми рекоа да се подготвам за атмосферата, но искрено не бев подготвен. Се фатив сам себе си во неколку моменти како го губам вниманието од натпреварот на трибините. Кога запалија факели замалку не побегнав во соблекувалната. Не знаев што се случува. Беше неверојатно. Постои една фотографија на која забивам, а околку мене се е запалено. Делува како да не е вистинска, а е. Овде секој ден ми е се подобар“, изјави Доузер.

Се вчитува...