Шок од С. Арабија: Животот на Марез во опасност по труење со храна!

Алжирскиот репрезентативец Ријад Марез е хоспитализиран и неговиот живот е во опасност. Марез во средата играше пријателски меч за Алжир против Сенегал, запиша асистенција за триумф на својата селекција, но не можел ни да претпостави какви здравствени проблеми ќе има.

Информациите од Саудиска Арабија говорат дека екс фудбалерот на Манчестер Сити се отрул со храна во еден ресторан, и морал да биде хоспитализиран во болница во Џеда.

Кога стигнал дома од репрезентативните настапи, 32-годишникот се пожалил на болки во стомакот затоа што еден оброк предизвикал лоша реакција, и морал да побара помош.

Првите анализи покажале присутност на бактерија, а од болницата соопштиле дека ситуацијата нималку не е наивна и дека бактеријата е опасна. Лекарите веднаш го ставиле под надзор и ќе биде подложен на дополнителни прегледи.

Се вчитува...