Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ, изјави дека е многу среќен во новиот клуб Ал-Хилал и дека Англија не му недостасува. Митровиќ ова лето замина во Саудиска Арабија за 30 милиони долари годишно, и игра заедно со Милинковиќ-Савиќ и Нејмар.
Засега многу добро му оди, затоа што веќе запиша пет голови и една асистенција за пет меча.
„Немам носталгија кон Англија, играв таму многу години. Среќен сум што дојдов во топ клуб. Ал-Хилал тука е како Реал Мадрид во Европа. Среќен сум тука и сакам да освојувам титули“, вели Митровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

