Ливерпул со пресврт до победа на гости кај Вулверхемптон (ВИДЕО)

Ливерпул во првиот дел во мечот против Вулверхемптон не одигра ништо, и губеше со 1-0. Меѓутоа момците на Јирген Клоп целосно се разбудија во вториот, и со три гола дојдоа до три бода од ова тешко гостување кај „волците“.

По одличната акција на Нето, и голот на Хванг, Вулверхемптон стигна до предност уште во 7. минута од средбата. Токму Нето правеше огромни проблеми на дефанзивата на Ливерпул и лесно пробиваше, но промена на резултатот немаше во првиот делк.

Во второто полувреме Ливерпул исто беше анемичен, се до голот на Гакпо. Одлична акција и погодок на Холанѓанецот по асистенција на Салах. Потоа „црвените“ како да се разбудија и дојдоа до предност со голот на Робертсон. Односо асистент беше Салах. За „хет-трик“ асистенции Салах се погрижи во 91. минута кога додаде до Елиот, а овој постигна гол за предност од 1-3 и конечен триумф на Ливерпул.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...