Валенсија со убедлива победа над Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија продолжува со добрите настапи оваа сезона, совладувајќи го составот на Атлетико Мадрид на „Месталја“ со убедливи 3-0.

Уго Дуро беше херој на Валенсија, постигнувајќи два гола во првиот дел во 5. и во 34. минута за предност од 2-0, а Гера во 54. минута го зголеми водството.

Ова беше прв пораз за Атлетико Мадрид, кој одлично ја стартуваше сезоната, меѓутоа не успеа и на ова тешко гостување да дојде до бод(ови).

Се вчитува...