Уште една лоша партија на Манчестер Јунајтед, и уште еден, трет пораз на „Црвените ѓаволи“ во новата сезона во Премиерлигата, иако имаа огромни амбиции, па дури и да се борат за титулата. Сепак, Брајтон дојде на „Олд Трафорд“ како мал аутсајдер, и успеа да победи со 1-3, а ако беа поефикасни, победата можеше да биде изразена и со поголема разлика. Уште еднаш фановите на Јунајтед останаа разочарани од изаданието на нивниот тим, и покрај промените и засилувањата донесени ова лето.
Дани Велбек во 20. минута донесе предност за Брајтон. Следуваше поништен гол на Хојлунд, а потоа Грос во 53. минута со прекрасен гол носи 0-2. Педро во 72. минута ги казни грешките на домашните, за предност на гостите од 0-3. Сепак, само што тргна од центарот, Ханибал намали на 1-3, овозможувајќи му на Јунајтед да се обиде да се врати во натпреварот.
Манчестер Сити со пресврт успеа да дојде до нова победа. Го совлада тимот на Вест Хем, иако по првиот дел имаше негатива. Вард-Проус донесе предност за „чеканите“ во 36. минута. Меѓутоа само што почна вториот дел, новото засилување Доку донесе израмнување, за Бернардо Силва во 76. минута донесе и предност за шампионот, за Халанд подоцна да ја осигура победата.
Тотенхем одигра неверојатне натпревар и славеше над Шефилд Јунајтед со 2-1. Двата гола Тотенхем ги постигна во судиското надополнување, откако Хамер во 74. минута донесе гостинска предност. Сепак, во 98. минута Ричарлисон израмни, а во 11. минута од судиското надополнување Кулушевски донесе триумф за домашниот тим.
Победи и Фулам со 1-0 над Лутон со голот на Карлос Винициус, додека Кристал Палас без својот менаџер Хоџсон (не се чувствувал најдобро) загуби со пресврт од Астон Вила со 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

