Интер со пет гола му нанесе дебакл на Милан (ВИДЕО)

Екипата на Интер славеше во дербито „Дела Мадонина“ со 5-1 и во моментов владее со Милано. Едноставно на Милан во последно време не му оди во дуелите против Интер, по елиминацијата минатата сезона од полуфиналето во ЛШ.

Интер уште на полувремето имаше предност од 2-0. Мхитарјан уште во 5. минута ја казни грешката на фудбалерите на Милан, а во 38. минута Маркус Турам постигна прекрасен гол за предност од 2-0.

Милан, сепак, на почетокот од вториот дел се врати, откако Леао намали во 57. минута. Во 69. минута Мхитарјан одново погоди за нова предност од +2.  Се играше 79. минута кога Чалханоглу од пенал го совлада Мањан и зголеми на 4-1. Сепак, тоа не беше се, за катастрофата на Милан да биде поголема се погрижи Фратези кој ги постави конечните 5-1 во судиското надополнување.

Интер сега е единствениот тим со стонастотен учинок, и четири победи од четири натпревари. Инаку Интер на вечерашниот натпревар го прими и првиот гол сезонава.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...