Инзаги: Оваа победа ќе ни помогне да веруваме во себе уште повеќе

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги се заблагодари на играчите за победата на дуелот со Милан, и потенцираше дека е среќен што екипата има максимален број на бодови на почетокот на сезоната.

Инзаги кажа дека ваквите натпревари даваат дополнителен мотив за понатаму, и дека верува после ова играчите ќе пружаат уште подобри партии и повеќе ќе веруваат во себе.

„Добро го почнавме мечот, останавме фокусирани и постигнавме гол во вистинските мигови. Вистински беа и изимените. Им честитам на момците за овој старт на сезоната. Минатата сезона победивме на четири дербија, што ни овозможи да дојде до трофеј и да стигнеме до финалето во Лигата на шампионите. Сега направивме само еден чекор, а не чека уште пат. Ова ќе ни помогне да веруваме повеќе во себе. Сега треба да покажеме дека сме подготвени за она што следува“, изјави Инзаги.

Се вчитува...