Елмас првпат стартер, неговата замена го спаси Наполи од пораз во Џенова (ВИДЕО)

Наполи може да биде пресреќен што освои бод на гостувањето кај Џенова, со оглед дека губеше 2-0, а на крајот стигна до 2-2. Елиф Елмас за првпат сезонава беше стартер, а беше заменет на полувремето. Во 30. секунда доби и жолт картон.

Џенова со голот на Бани поведе во 40. минута од средбата. Во 56. минута Ретеги донесе и 2-0, а Елмас на полувремето остана во соблекувалната. Неговото место го зазеде Политано.

Сепак, Наполи не се предаде и преку Распадори во 76. минута успеа да намали, а Политано во 84. минута израмни и спаси бод за својата екипа.

Се вчитува...