Ерик тен Хаг не го криеше разочарувањето по новиот пораз на Манчестер Јунајтед, прв на домашен терен откако „црвените ѓаволи“ беа рутински преслушани од Брајтон на „Олд Трафорд“.
Холандскиот стратег јасно стави до знаење дека според него тимот не се наоѓа во криза, но е свесен дека некои работи ќе мора што поскоро да се променат.
„Сметам дека криза не е вистинскиот збор за она што ни се случува. Сите ние напорно работиме и верувам дека наскоро ќе го покажеме она што се очекува од нас. Секако, разочарани сме, ова не е начинот на кој очекувавме да ја продолжиме сезоната по репрезентативната пауза. Во првото полувреме имавме многу шанси што не ги искористивме, па во соблекувалната владееше големо разочарување. Јасно е, постои причина за загриженост, тимот мора да игра подобро, одредени индивидуалци да преземат поголема одговорност. Верувам дека тоа ќе се случи наскоро“, изјави Тен Хаг по најновото фијаско.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

