Баерн Минхен активираше нова „трансфер-бомба“ на европскиот кошаркарски пазар, откако потпиша договор со поранешниот шпански репрезентативец Серж Ибака.
Одличниот крилен центар се враќа назад во Европа по успешната кариера во НБА-лигата, каде три пати беше избиран во најдобрата дефанзивна петорка, а во 2019 година со тимот на Торонто се закити и со шампионскиот трофеј.
Ибака во НБА настапуваше за Оклахома, Орландо, Торонто, ЛА Клиперс и за Милвоки, а откако значително му се намали минутажата во последните години реши да се врати во Европа и да го облече дресот на Баерн, каде тренер ќе му биде Пабло Ласо.
„За мене е чест што се приклучувам на голем клуб како Баерн. Имав долга НБА-кариера, но оваа нова страница ја отворам за многу ентузијазам, се уште имам голема љубов и енергија за кошарката, ќе го докажам тоа на теренот. Фактот дека овде тренер е Пабло Ласо беше клучен, бидејќи според мене тој е еден од најдобрите кошаркарски стратези во светот“, изјави Ибака по потписот на договорот со баварскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА