Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за Н1 Словенија говореше на бројни теми поврзани со европскиот фудбал, а се осврна и на страшната несреќа во Атина, кога пред мечот меѓу АЕК и Динамо Загреб дојде до масовна тепачка меѓу навивачите на двата тима во која животот го загуби едно лице.
Грците покренаа кампања за Динамо да биде исфрлен од европските купови, но Чеферин смета дека е донесена вистинската одлука бидејќи клубот не може да трпи ригорозни последици за неодговорни наивачи кои ги нарече криминалци и идиоти.
„Во тој конкретен случај, се случи голема трагедија, но Динамо не ни знаеше дека група навивачи отпатувала за Атина. Тоа се криминалци и идиоти кои се организирале, отишле во Атина два дена пред натпревар и го направија она што го направија. Се бараше суспензија и исклучување, но дали ќе беше исправно да го казниме клубот и 99,9% од навивачите само поради неколку идиоти кои сега се во затвор“, изјави Чеферин на оваа тема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА