Новак Ѓоковиќ се уште е фокусот на светската спортска јавност по новиот освоен гранслем турнир на УС Опен, а српскиот тенисер во интервју за ЕСПН говореше на најразлични теми, меѓу другото и за односот што го има со Рафаел Надал.
Ѓоковиќ до пред неколку години знаеше и да го имитира Надал за време на некои ревијални и хуманитарни мечеви, но прекина со тој тренд.
„На Надал му бев добар додека ме победуваше. Тогаш се беше ОК, тој беше среќен, па дури и се смееше на сите оние глупости кои јас ги правев кога го имитирав. Потоа се сменија работите, јас почнав да победувам на се повеќе дуели со него. Целата енергија се промени, веќе ништо не му беше смешно, ништо не беше како порано. Вистината е таа, јас многу ги почитувам Рафаел Надал и Роџер Федерер поради се она што имаат направено за тенисот. Ми недостигаат како ривали на големите турнири, но како луѓе… никогаш не сум бил премногу близок со нив па и не можам да кажам дека многу ми фалат“, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер има 30 победи во меѓусебните дуели со Рафаел Надал, наспроти 29 на шпанскиот тенисер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА