Чави потпишува нов договор: За година плус, ќе треба да освојува и трофеи

Барселона ќе го награди Чави со потпис на нов договор што ќе биде официјализиран во наредните седум дена, објавија шпанските медиуми. Двете страни долго преговараа за продолжување на соработката, а проблем беше што Чави инсистираше на долгорочен договор, додека Барселона поради финансиските проблеми не сака да ризикува со долги договори, па му понуди само соработка до јуни 2025 година.

На крајот, двете страни успеаја да најдат заеднички јазик, договорот ќе биде со важност до 2025, но и со клаузула што ќе значи автоматско продолжување до 2026 доколку Чави успее да освои трофеи во оваа и во наредната сезона. Неофицијално, два трофеи, од кои едниот треба да е лигашки ќе бидат доволни за активирање на оваа клаузула, нешто што каталонците очекуваат да се случи доколку се продолжи со добрите партии од стартот на сезонава.

Чави дојде на клупата на Барселона во ноември 2021 година на местото на Роналд Куман и успеа да го разбуди „заспаниот џин“, ланската сезона стигна до титулата во Ла Лига, а годинава каталонците со младиот стратег на клупата атакуваат на трофеи во сите натпреварувања во кои учествуваат.

Се вчитува...