Фотогалерија: Спортски празник – Вардар покажа сила, Пелистер проблеми што мора да се решат

Вардар и Еурофарм Пелистер го одиграа и првото суперлигашко дерби во новата сезона, со епилог идентичен како и неодамнешниот Суперкупо во Струмица – со радост за „вардарци“ и низа главоболки за битолчани.

„Црвено-црните“ можат да бидат горди на стартот на сезоната, со речиси целосен ремонт делуваа моќно и разиграно, Томовски брилијантен на голот, Лазаревски се бори како лав на линијата од шест метри, Јапонецот Јасухира ги разигрува соиграчите… сега засега, добитна комбинација на проект што трае само два месеци, со огромен простор за уште поголем напредок.

За Еурофарм Пелистер пак денешниот дуел донесе повторување на проблемите, недоволна воиграност, немање лидер во нападот, но и недоволна поддршка од голманите. Проблеми кои се крајно сериозни, но и со малку време за решавање ако се земе во предвид згуснатиот распоред и тешките пресметки во Лигата на Шампионите кои ќе ги очекуваат битолчани во наредниот период.

Се вчитува...