Пеп Гвардиола се соочува со незадоволна атмосфера во соблекувалната на Манчестер Сити, откриваат англиските медиуми. Непосредно пред почетокот на новата сезона во Лигата на Шамлионите во која „граѓаните“ го бранат трофејот главна тема е Кевин де Брујне.
Раководството на премиерлигашот нема намера да го продолжи договорот на Белгиецот се додека не се врати од тешката повреда на задната ложа на почетокот на 2024 година и се докаже во фит форма што изразува големо незадоволство и кај останатите фудбалите кои застанеле во одбрана на 32-годишникот капитен.
Де Брујне е дел од Манчестер Сити од 2015 година, период во кој „граѓаните“ се наметнаа како најдоминантната сила во англискиот фудбал. Неговиот договор е со важност до 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

