Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
==========================================================================================================================
ТИМ НА 7. КОЛО
Актуелниот шампион на Македонија, Струга ТЛ славеше со 1-3 на гостувањето во Штип кај Брегалница во натпревар од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига. На мечот во Кавадарци меѓу најтрофејниот Вардар и Тиквеш домаќините славеа со 1-0. Иако најтрофејниот беше со играч повеќе скоро четириесет минути, сепак на крајот кавадарчани се радуваа на полн плен. Силекс на домашен терен славеше со 2-1 со Шкендија и со тоа им го нанесе на тетовци првиот пораз сезонава во елитата. Работнички без поголеми проблеми славеше над Воска со 2-0, додека Македонија ЃП беше подобра од Гостивар со 3-0. Во првиот меч од рундата одигран в сабота, Шкупи стигна до минималец против АП Брера (1-0).
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Стефан Лазаревиќ (Силекс)
Силекс на домашен терен славеше со 2-1 со Шкендија и со тоа им го нанесе на тетовци првиот пораз сезонава во елитата. Најзаслужен за победата на кратовци беше Стефан Лазаревиќ кој со прекрасен гол во финишот на мечот го одлучи победникот.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш)
Ѓорѓи Мојсов уште една седмица заврши голема работа со својот Тиквеш. Иако скоро четириесет минути играше со фудбалер помалку, во ниту еден момент не размисли на дефанзива, што на крајот му донесе победа од 1-0 против Вардар и нови три бода на контото на Тиквеш.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Актуелниот шампион на Македонија, Струга ТЛ славеше со 1-3 на гостувањето во Штип кај Брегалница во натпревар од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига. И овој натпревар како многу досега го одбележа Бесарт Ибраими кој упати вистинска бомба кон голот на штипјани, која резултираше со 190. гол во ПМФЛ.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
ФОТО НА КОЛОТО: Работнички победнички се врати на „Тодор Проески“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА