Актуелниот првак во Ф1 шампионатот Макс Ферстапен кажа дека не е премногу разочаран и вознемирен поради прекинот на неговата победничка серија.
Холанѓанецот вчерашната трка во Ф1 шампионатот за ГН на Сингапур ја финишираше на 5. позиција, и ја прекина серијата од 10 освоени први место по ред. Ферстапен победи на 12 трки оваа година.
„Што се однесува до прекинатата победничка серија, знаев дека еден ден ќе се случи, тоа е нормално. За да бидете успешни, сè мора да биде совршено. Честопати за нас велеа: „Ех, погледнете како доминираат, колку им е лесно. Но, во реалноста нема ништо лесно, изјави Ферстапен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА