Папу Гомез на денот на крајот од преодниот рок стана слободен играч откако Севилја се реши да му го раскине договорот. Сега како играч без договор ќе се врати во Италија, каде ќе потпише за тимот на Монца.
На Гомез му е многу познат италијанскиот фудбал, затоа што беше дел од Аталанта цели седум години, од 2014 до 2021 година во најубавите години на овој тим во истријата.
Тој е актуелен аргентински репрезентативец, а за својата земја има одиграно 17 меча. Во својата кариера играше и во Катанија, во Металист Харков, како и во аргентинските Сан Лоренцо и Арсенал де Саранди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА