Поранешниот тренер во младинските категории на Манчестер Сити, Бари Бенел кој беше осуден за злоставување на малолетници почина во англиски затвор на 69-годишна возраст, објави Министерството за правда на Англија.
Бенел беше осуден во 2018 година на 30 години затвор откако беше прогласен за виновен за 52 точки на сексуално злоставување на 12 малолетници кои тренирале во клубот во периодот од 1976 до 1999 година.
Како потсетување, Манчестер Сити неодамна формира фонд од кој жртвите на најсериозен криминал ќе добијат отштета со суми од шест бројки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА