Бахар: Ќе ни биде потребна и среќа за бодови на гостувањето кај Манчестер Сити

Црвена Звезда оваа сезона ќе го брани образот на српскиот фудбал во Лигата на Шампионите, а натпреварувањето го започнува со најтешкиот натпревар во групната фаза – гостување кај актуелниот шампион Манчестер Сити.

Тренерот на „црвено-белите“, Барак Бахар верува дека неговите избраници ќе дадат се од себе и покрај тоа што немало доволно време за подготовка, а за бодови од гостувањето во Англија ќе биде потребна и среќа.

„Немавме многу време за подготовка. Сите сме свесни колку силен тим има Манчестер Сити. Треба да ја покажеме и нашата сила, верувам во својот тим. Нема да менувам многу, ќе ги изведам на теренот најдобрите што ги имам. Мораме да го подигнеме нивото на нашата игра. Битно е да имаме добар ден, а потребна ни е и среќа“, изјави израелскиот стратег на клупата на белграѓани.

Се вчитува...