Турската федерација демантира за отказот на Кунц

Турските медиуми наголемо пишуваа дека селекторот на Турција, Штефан Кунц добил отказ од функцијата селектор на земјата, по критиките упатени кон репрезентативците.

Меѓутоа од турската федерација демантираа дека се разделиле со Кунц, и дека тој останува селектор, и има важечки договор до 2024 година.

Сепак, ваквите тврдења на федерацијата може да се променат веќе утре, за кога е закажан состанок помеѓу претседателот и селекторот, после кој ќе бидат соопштени повеќе детали.

Се вчитува...