Нигериецот Хоган Укпа ја игра својата втора сезона во редовите на Струга ТЛ откако летото 2022 година пристигна од летонската Лиепаја.
Но, иако во тимот на поранешниот тренер Срѓан Захариевски постојано добиваше шанса, со доаѓањето на Шпетим Дуро на клупата на стружани работите се променија.
Укпа најголемиот дел од натпреварите под палката на актуелниот тренер ги почнува од клупата, вклучително и европските натпревари, но и оние во домашното првенство. Сепак, тоа не го спречи во неделата на дуелот против Брегалница во Штип, и покрај тоа што влезе од клупата да биде стрелец на третиот гол за својот тим во победата од 1-3 против штипјани.
Всушност, Брегалница е се чини омилениот тим за голови на Хоган Укпа. Откако пристигна во Струга ТЛ на вкупно одиграни 36 натпревари има постигнато три погодоци за својот тим, и интересно, сите три се на натпреварите против Брегалница која е предодредена за голови од нигерискиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

