Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви откри дека во договорот за продажба на Хари Кејн во Баерн Минмхен има откупна клаузула во договорот. Леви наводно го дал коментарот на состанокот со навивачите синоќа, а на него бил присутен и менаџерот Анџе Постекоглу. Меѓутоа Леви не даде дополнителни детали.
Рекордерот по бројот на голови на Тотенхем, ја заврши својата 20-годишна соработка откако му се приклучи на Баерн Минхен во договор вреден 100 милиони фунти. Кејн имаше одличен старт постигнувајќи четири гола во пет меча за Баерн Минхен, а се очекува да настапи и вечерва против Манчестер Јунајтед.
Кејн кажа дека ќе го гледа Тотенхем до крајот на животот, и го коментираше добриот старт на тимот во Премиерлигата.
„Ќе го гледам Тотенхем до крајот на мојот живот. Среќен сум што го гледам тимот како игра и како победува, и среќен сум што ги гледам навивчите среќни“, рече Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА