По тренерот, од Олимпик Марсеј заминува и претседателот

Олимпик Марсеј неочекувано се соочи со потреси, откако заминување најави тренерот Марселињо. После него заминување најавува и претседателот Пабло Лонгорија. Лонгорија ќе поднесе оставка поради заканите кои ги добива од навивачите на Марсеј, тврди шпанското издание на „Еуроспорт“.

Марселињо претходно им признал на играчите дека заминува од клубот, а се очекува тимот да биде предводен од Жан Пјер-Папен во еворпските натпревари, а потоа и на дербито со ПСЖ.

Марсеј испадна од квалификациите во ЛШ од Панатинаикос, а во последното коло тимот ремизираше со Тулуз 0-0 на домашен терен. Екипата победи само на два од шесте меча во Лига 1.

Се вчитува...