Денеска се играат натпреварите од 1/16 финалето во Купот на Македонија. Прволигшите се очекува да ја оправдаат фаворитската улога против второлигашите и нисколигашите, но неколку тимови ќе имаат тешка задача.
Таков е примерот со Вардар, кој покрај битката за опстанокт во Првата лига, уште на стартот го чека тешко гостување против Беса, еден од тимовите кои се борат за висок пласман во Втората лига и пласман во „елитата“ идниот шампионат. „Црвено-црните“ после поразот од Тиквеш го чека уште една тешка задача, а пред сезоната најави амбиции за Купот.
Тешко гостување ќе има и тимот на АП Брера од Струмица. Тие немаат далечно гостување, одат во Гевгелија на Кожуф, кој преставува најголемото изненадување во досегшниот тек на Втората лига, каде има лидерска позиција по пет кола со максимални 15 бодови. Во саботата Кожуф го совлада тимот на Пелистер. Гостивар исто така може да има проблеми против Беласица.
Останатите прволигаши имаат нешто полесни задачи. Шкупи не би требало да има проблеми против Коњаре, ниту Брегалница против Новаци. Работнички оди на Тетекс, Воска Спорт кај Карбинци.
Се игра еден натпревар, а при нерешено се изведуваат пенали. На 12-те победници во 1/8 финалето ќе им се приклучат тимовите на Македонија ЃП, Силекс, Шкендија и Струга ТЛ, кои како лански полуфиналисти одат директно во следната фаза.
КУП, 1/16 ФИНАЛЕ (ДЕНЕСКА 15:00 ЧАСОТ)
АРСИМИ – ТИКВЕШ
БАШКИМИ – СКОПЈЕ
БЕЛАСИЦА – ГОСТИВАР
БЕСА – ВАРДАР
КОЊАРЕ – ШКУПИ
ЈАНГ ТИМ СТРУГА – ПОБЕДА
КАРБИНЦИ – ВОСКА СПОРТ
КОЖУФ – АП БРЕРА
НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА
ОХРИД – ДЕТОНИТ
ТЕТЕКС – РАБОТНИЧКИ
ВЛАЗЕРИМИ – ПЕЛИСТЕР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА