Изов го соопшти списокот на женската репрезентација за дуелот со Бугарија во Лигата на нации (ФОТО)

Женската А репрезентација на Македонија го започнува циклусот на натпревари во Групата 5 од Лигата на нации.

Нашата селекција ја очекува меч од првото коло против репрезентацијата на Бугарија. Дуелот против нашиот источен сосед го играме на 22. септември, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток во 15 часот.

Македонските репрезентативки, предводена од селекторот Кирил Изов, веќе ги започнаа подготовките на претстојниот натпревар, а денешниот тренинг ќе биде одржан на терените на ФФМ со почеток во 16 часот.

Селекторот Изов за претстојниот меч против Бугарија се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Берна Кабакчи (Карсон У, Америка), Магдалена Лекоска (Љуботен);

Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје 2014), Кристина Мојсоска (Асс Јунајтед), Едина Сулејмани (Асс Јунајтед), Бојана Петкова (Љуботен), Павлинка Николовска (Љуботен),  Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана);

Среден ред: Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Радица Велкова (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија), Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед);

Напад: Афродита Салихи (Скопје 2014), Рабија Дервиши (Скопје 2014), Јилза Максути (Асс Јунајтед), Александра Јовановска (Истатов).

Се вчитува...