Винченцо Монтела е изборот за нов селектор на Турција откако фудбалската федерација на оваа земја реши да ја прекине соработката со Штефан Кунц.
Германецот доби отказ поради критиките на адреса на дел од фудбалерите, иако федерацијата вчера демантираше разделба од овој стратег денеска и официјално го потврди раскинот на договорот со Кунц, експресно именувајќи го неговиот наследник.
Монтела ја прифатил понудата да потпише договор до јуни 2024 година, со можност за продолжување на соработката ако Турција се пласира на ЕП 2024. Јоаким Лев, кој исто така беше во комбинација за наследник на Кунц, инсистирал на долгорочен договор, поради што Турците го избрале Монтела за нов кормилар на националниот тим.
Италијанскиот стручњак своето деби на клупата ќе го има на натпреварот со Хрватска на 12 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

