Куп на Македонија: Гачевски херој во пенал-рулетот на Вардар, Воска броеше до десет, Брегалница и Шкупи до осум…

Голем дел од прволигашките екипи лесно ги минаа првите пречки во Купот на Македонија, славејќи убедливи победи против ривали од понизок ранг на натпреварување. Најубедливи беа фудбалерите на Воска, кои со деет гола во мрежата на Карбинци го обезбедија пласманот во следната рунда од Купот на Македонија.

Шкупи броеше до осум против Коњаре, и исто толку прецизни беа и фудбалерите на Брегалница, во триумфот од 0-8 на гостински терен против Новаци.

Работнички со три гола во финишот го скрши отпорот на Тетекс славејќи со 0-3, додека Тиквеш триумфираше со 1-2 на готувањето против Арсими.

Најинтересно беше на дуелот Беса – Вардар, кој заврши со резултат 1-1 и беше решен со пенал-рулет, кој заврши со хепиенд за „црвено-црните“. Интересно, Педрињо го промаши првиот пенал за Вардар, но голманот Гачевски ја имаше улогата на херој, со одбранети удари од белата точка во третата и во шестата серија, за пласман на „црвено-црните“ во следната фаза.

РЕЗУЛТАТИ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Арсими – Тиквеш 1-2, Башкими – Скопје 2-1 (на пенали), Коњаре – Шкупи 0-8, Карбинци – Воска 0-10, Кожув – Брера 0-2, Новаци – Брегалница 0-7, Охрид – Детонит 2-0, Тетекс – Работнички 0-3, Велазерими – Пелистер 0-4, Беласица – Гостивар 0-1 (на пенали), Јанг Тим Струга – Победа 1-0 (на пенали), Беса – Вардар 1-2 (на пенали).

Се вчитува...