Фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими верува дека неговиот соиграч Килијан Мбапе треба да ја освои престижната награада „Златната топка“ за најдобар фудбалер на годината која ќе биде доделена на 30. септември.
Мароканецот во суперлатив говореше за младиот голгетер по натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд во Лигата на Шампионите.
„Килијан ја заслужува Златната топка. Погледнете го неговиот придонес во последната година. Тој е исклучително добар фудбалер и се надевам дека оваа година тој ќе ја добие наградата“, изјави Хакими.
Интересно, како конкурент за наградата Мбапе го има и доскорешниот соиграч во парискиот клуб, Лео Меси кој оваа година ја предводеше Аргентина до врвот на светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА