Никола Митревски е херојот на Порто на денешното гостување против Целје во Лигата на шампионите, меч што португалскиот првак го доби со минимални 29-30 и неверојатен пресврт во второто полувреме.
Целје доминираше во првиот дел водејќи со седум гола разлика, на стартот од второто полувреме словенечкиот шампион имаше и „плус девет“, но ситуацијата се промени кога Никола Митревски застана на голот на Порто. Веднаш по влегувањето во игра на Македонецот следеа два одбранети зицери, по што Португалците добија на сигурност и влегоа во фантастична серија, за осум минути вртејќи го резултатот во своја полза.
Пивотот Итуриза постигна неколку погодоци во клучните моменти и заедно со нашиот голман беше човек на одлука, за втор триумф на Порто во второто коло од Лигата на Шампионите.
Во вториот меч што почна во 18.45 часот, данскиот ГОГ Гудме како гостин славеше над Висла Плоцк со 26-30.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА