Италијанскиот фудбалски шампион Наполи победнички ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите откако славеше на гостувањето кај Брага со 1-2.
Oткако домаќините одолеваа на нападите на гостинот, клучниот момент во првиот дел се случи во судиското надополнување кога Ди Лоренцо донесе водство од 0-1. Домаќините израмнија на 1-1 преку Брума во 84. минута, но автоголот на Ниакате во 88. минута донесе три бода за калчолигашот.
Еден од најдобрите македонски фудбалери, Елиф Елмас натпреварот го стартуваше од клупата, а во игра влезе во 66. минута.
Braga 0 – [1] Napoli – Giovanni Di Lorenzo 45+2′
byu/Previous-Success8007 insoccer
РЕЗУЛТАТИ ЛШ 1. КОЛО:
Реал М. – Унион Б. 1-0
Галатасарај – Копенхаген 2-2
Баерн М. – Манчестер Ј. 4-3
Реал С. – Интер 1-1
Арсенал – ПСВ 4-0
Брага – Наполи 1-2
Севилја – Ленс 1-1
Бенфика – Салцбург 0-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА