Македонија со скок од две места на најновата ФИФА листа

Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за две места на најновот рангирање на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Одличните резултати во септемврискиот циклус каде избраниците на Боби Милевски ремизираа со Италија (1-1) и славеа над Малта (0-2) беа доволни за мал напредок на ФИФА листата каде Македонија сега се наоѓа на 66. место.

Од нашата група се уште најдобро пласирана е Англија која во моментов е 4. светска сила. Италијанците се наоѓаат на 9. место. Украина е 24. додека најслабо пласирана е Малта која во моментов е 171. светска сила.

На врвот нема промени. Аргентина останува прва, пред Франција и Бразил.

Се вчитува...