Саудискиот принц: Ќе продолжиме да се „переме“ преку спортот

Принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, истакна дека не го интересираат обвинувањата дека преку спортот тие се обидуваат да го измијат лошиот углед на својата земја.

Во текот на оваа година во Саудиска Арабија за огромни суми пристигнаа големи фудбалски ѕвезди, а Јавниот фонд на оваа земја го купи Њукасл. Многумина нагласуваат дека Саудијците сакаат да создадат подобра слика за својата земја.

„Не ме интересира тој термин. Мојот социјален производ е зголемен за еден процент, а сакам да го зголемам за уште 1,5 отсто. Наречете го како сакате, но ние ќе го провлечеме нашето“, рече Салман.

Саудиска Арабија погуби 81 маж минатата година, а проблем се и правата на жените, забраната за слобода на говор и војната во Јемен.

Се вчитува...