Македонскиот вицешампион Пелистер успеа да ангажира нов странски кошаркар во своите редови. Ренди Брамант е нов член на битолчани откако денеска го потпиша едногодишниот договор со „пелистерци“.
Станува збор за кошаркар кој ги покрива позициите „четири“ и „пет“ , а кој доаѓа од романскиот шампионат каде лани ги бранеше боите на ЧСМ Таргу. Американецот беше еден од најдобрите играчи на Таргу, со просек од 15,9 поени, 4,7 скокови и 4,4 асистенции по натпревар и се очекува да биде значајно засилување за тимот на тренерот Марјан Илиевски.
Таборот на „пелистерци“ во меѓувреме го напушти Ламар Норман џуниор, плејмејкерот кој не ги оправда очекувањата на првите денови од подготовките и веднаш си замина од клубот.
Пелистер досега ангажираше три странски засилувања и се очекува во наредниот период да биде доведен уште еден играч, на бековската позиција во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА